д-р Бранислав Ристески

научен советник

ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп

Образование

Д-р Бранислав Ристески е роден на 24.04.1959 година во Прилеп, каде што завршил основно и средно образование. Во 1983 година ги завршил студиите на Наставно-научната и студиска група за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје со одбрана на дипломската работз со наслов: “ Ранохристијански сакрални објекти во Прилепскиот крај ”.

Магистерските студии ги реализирал на Филозофскиот факултет во Скопје, Институт за историја на уметноста со археологија, а после положените испити и одбраната на магистерскиот труд со наслов “ Средновековна кујнска керамика од Република Македонија VII - XIV век ” на 31.10.1998 година се стекнал со звање магистер по археологија.

На Филозофскиот факултет во Скопје, на ден 5.11.2002 година ја одбранил дисертацијата со наслов: “Средновековно грнчарство во централните делови од Балканскиот Полуостров” и се стекнал со звање доктор на археологија.

Научноистражувачка работа

Во 1988 година се вработил во Институтот за старословенска култура во Прилеп на работното место помлад асистент, а во 1998 година, после одбраната на магистерскиот труд и изборот во звање ( Билтен на Универзитетот “ Св. Климент Охридски ”- Битола, бр. 189, Битола 1998, 63-64. ) на работното место асистент-истражувач.

После одбраната на докторската дисертација и изборот во звање (Билтен на Универзитетот “ Св. Климент Охридски ”- Битола, бр. 244, Битола 2004, 84-88.), бил распореден на работното место научен соработник, исто така во ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

Во 2006 година бил избран во звање виш научен соработник во ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп (Билтен на Универзитетот “ Св. Климент Охридски ”- Битола, бр. 290, од 1.12.2006 г., 18-23).

Во 2012 година (Билтен на Универзитетот “ Св. Климент Охридски ”- Битола, бр. 347, од 1.12.2012 г., 36 – 43.), бил избран во звање научен советник.


Учество во реализацијата на национални научноистражувачки проекти

Во периодот од 1981 до 2006 година, учествувал во реализацијата на голем број национални научноистражувачки проекти, најчесто реализирани од ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп:

  • “Средновековен Прилеп, раносредновековни словенски населби, настанување и развиток на градската населба и тврдината Маркови Кули”, (1981-1990 г.), главен истражувач д-р Бошко Бабиќ;
  • “Првите словенски населби на Балканот во светлината на археолошките истражувања на локалитетот Градиште кај селото Дебреште”, (1981-1990 г.), главен истражувач д-р Бошко Бабиќ;
  • “Карактеристики и специфичности на културата на Македонските Словени од доселувањето до крајот на XIV век во светлината на археолошката документација”, (1984-1990 г.), главен истражувач д-р Бошко Бабиќ;
  • “Раносредновековни населби и некрополи во Македонија од VI/VII до VIII век”, (1988 – 1990 г.), главен истражувач д-р Бошко Бабиќ;
  • “Материјалната култура на народите во Македонија;, (1996-1998 г.), главен истражувач академик Блага Алексова;
  • “Културно ликовно минато на Мариово; (1989-1998 г.), главен истражувач проф.д-р Петар Миљковиќ; Пепек;
  • “Убикација на средновековна Битола” (1996-2001 г.), главен истражувач д-р Томе Јанакиевски;
  • “Кралството на Античките Македонци” (2008-2010 г.), главен истражувач проф. д-р Виктор Лилчиќ.

Учество во реализацијата на меѓународни научноистражувачки проекти

  • “Етнокултурни паралели” (1980-1983), главни истражувачи д-р Бошко Бабиќ и d-r Ivona Dombrowska;
  • “Етнокултурни паралели” (1984-1989), главни истражувачи д-р Бошко Бабиќ и d-r Ivona Dombrowska;
  • “Методологија на дигитализирање на археологијата, историјата, историјата на уметноста и етнологијата; (2007), главен истражувач проф. Д-р Данчо Давчев;
  • “Примена на современите аналитички инструментални техники за испитување на античката мат-боена керамика и некои византиски ументички наоди” (2007 ), главен истражувач проф.д-р Биљана Минчева-Шукарова


Раководител на национални научноистражувачки проекти

  • “Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија” (2004- 2006)
  • “Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија” (2004- 2006);
  • “Археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св. Преображение крај селото Зрзе” (2008);
  • “Систематски археолошки истражувања на културниот комплекс Тескавец, с. Дабница” (2008);
  • “Систематски археолошки истражувања на културниот комплекс Св. Преображение крај селото Зрзе” (2009);
  • “Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија, Мариово и Порече” (2009-2013);

Образовна дејност

Покрај активната помош при изработката на голем број дипломски и магистерски работи изработувани од страна на студенти на Институтот за историја на уметноста и археологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, во последните години сум вклучен во реализацијата на постдипломските студии на ЈНУ Институт за национална историја при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.

Во моментот сум ментор на м-р Миланчо Миленкоски при изработката на неговата докторска дисертација од областа на археологијата "Ранохристијнски црковни центри во регионот на Брегалница".

Учество на научни собири

  • “На Научната конференција на младите научници од Балканот, одржана 1002 година во Софија учествувал со трудот: “Доцносредновековна трпезна керамика од Македонија ( XII - XIV век)”;
  • “На научниот собир по повод јубилејот на Институтот за историја при УКИМ, одржан 2007 година во Скопје, учествувал со трудот: “Словено-византиски елементи во раносредновековната садова керамика од Република Македонија;
  • “На меѓународниот научен собир “Социокултурни аспекти на евроинтеграцијата”, одржан 2008 година во Прилеп го презентирал трудот: “Културно наследство во регионот Мариово;
  • “Со трудот: “Комплексните истражувања како основ за туристичка валоризација на културното наследство врз примерот на културните целини во Северна Пелагонија и Мариово;, учествувал на меѓународниот симпозиум “Туризмот во 21 век“, одржан во 2010 година во Скопје;
  • “На Македонско-рускиот научен собир Македонија и Русија/СССР (историја-политика-култура) од Првата Светска Војна до формирањето на современата македонска државност (1914-1944), одржан во Охрид на 17-18.IX.2008, во организација на МАНУ, учествувал со трудот: “Придонесот на руските научници во проучувањето на средновековното грнчарство во Република Македонија;
  • “Со трудот: “Најраните манифестации на христијанството во регионите на Мариово и Северна Пелагонија”, учествувал на меѓународниот научен собир Ниш и Византија IX, одржан во Ниш во 2010;
  • “Со трудот: “Цеметеријално плато во рамките на ранохристијанскиот комплекс на локалитетот Св.Преображение кај селото Зрзе”, учествувал на меѓународниот научен собир Ниш и Византија XII, одржан во Ниш во 2013.

 
Учество на стручни собири

  • “Прелиминарни сознанија и одделни движни наоди презентирал во рамките на изложбата “Археологијата во 2009 година во Република Македонија“, одржана во НУ Музеите на Македонија, Скопје, при што бил презентиран и плакат со издвоени археолошки целини од локалитетот Св. Преображение крај селото Зрзе;”
  • “Во 2012 година, во Стар Дојран учествувал на симпозиумот на МАНД со прилогот “Засводената гробница во рамките на старохристијанскиот комплекс на локалитетот Св. Преображение крај селото Зрзе“.;

Научно наставна дејност

Покрај активната помош при изработката на поголем број дипломски и магистерски трудови, изработувани од страна настуденти на Институтот за археологија при УКИМ, во последните години бил вклучен во реализацијата на постдипломските студии на ЈНУ Институт за национална историја – Скопје при УКИМ.

Така, во 2011 година учествувал во одбраната на докторската дисертација на д-р Миланчо Миленкоски, “Ранохристијански сакрални објекти во сливот на реката Брегалница“, како ментор.

Изработка на стратегиски документи

При изработката на нацрт-верзијата на Планот за управување на споменикот на природата Маркови Кули, учествувал во финалното вообличување на овој стратегиски документ, при што ја изработил и студијата за културното наследство во рамките на споменикот на природата Маркови Кули.


Организационо-развојна дејност


Во периодот од 2002 до 2005 година бил претседател на Управниот одбор на НУ Дом на културата Марко Цепенков - Прилеп Во времето од 2005 до 2008 година бил директор на ЈНУ Институтот за старословенска култура – Прилеп, при штобил вклучен во сразмерно голем број организационо-развојни активности (главен уредник на научното списане, Balcanoslavica., главен уредник на едицијата на монографии на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, учество во работата на Одборот за Трескавец.и др.).


Организација на научни собири


Во соработка со Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања – Скопје, ЈНУ Институтот за старословенска култура – Прилеп, во периодот од 14 до 15 ноември 2008 година, во Прилеп бил организиран меѓународниот научен собир “Социо-културни аспекти на евроинтеграцијата”.


Награди


Како директор на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, иницирал учество во конкурсот за доделување на Третоноемвриската награда на општината Прилеп, што резултираше со добивање на оваа награда за особени постигнувања во научноистражувачката дејност во 2006 година.

 

Библиографија 

  • “Доцносредновековна трпезна керамика од Македонија ( XII - XIV век), проч. на Конференција на млади научници од Балканот, Софија 1990.
  • “Раносредновековни наоди од Скупи, Македонско наследство број 19, Скопје 2002; Early Medieval Findings from Scupi, Macedonian Heritage 19, Skopje 2002, 71-81.
  • “Ранохристијанска камена пластика од Трескавец кај Прилеп, Македонско наследство број 20, Скопје 2002; Early Christian architectural stone elements from the monastery of Treskavetz at Prilep, Macedonian Heritage 20, Skopje 2002, 71-81.
  • “Средновековна садова керамика од Скопско, Македонско наследство број 21, Скопје 2003; Medieval Ceramics from the Skopje Area, Macedonian Heritage 21, Skopje 2003, 48-71.
  • “Раносредновековно грнчарство во централните делови од Балканскиот Полуостров, Научно списание Универзитет Св. Климент Охридски – Битола, година II, број 2, Битола 2006, 277-312.
  • “Раносредновековна садова керамика од Република Македонија, Археолошки откритија на почвата на Македонија, Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, МАНУ, книга 19, Скопје 2008, 1035 – 1064.
  • “Словено-византиски елементи во раносредновековната садова керамика од Република Македонија, проч. на научниот собир по повод на јубилејот на Институтот за историја при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, Скопје 2007.
  • “Комплексните истражувања како основ за туристичка валоризација на културното наследство врз примерот на културните целини во Северна Пелагонија и Мариово. Меѓународен симпозиум “ Туризмот во 21 век “, Скопје 2008, 789 -796.
  • “Научно-истражувачки проект – Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија, Македонски археолошки преглед 1. Скопје 2008; Scientific-investigation Project – Late Antique and Medieval Settlements in Northern Pelagonija, Macedonian Archaeological Review 1, Skopje 2008, 251-258.
  • “Маркови Кули, Варош-Прилеп, сектор Средкули и сектор Рамниште, Македонски археолошки преглед 1. Скопје 2008; Markо s Towers, Varosh - Prilep, sector Sred Kuli and sector Ramnishte, Macedonian Archaeological Review 1, Skopje 2008, 259 - 263.
  • “Културно наследство во регионот Мариово, проч. на Меѓународниот научен собир “ Социо-културни аспекти на евроинтеграцијата ”, одржан 14-15 ноември 2008 година во Прилеп.
  • “Монашка населба “Св. Преображение”, с. Зрзе, Македонски археолошки весник бр. 3, год. I, октомври 2009.
  • “Зрзе, 2009, Македонски археолошки весник бр. 5, год. II, јануари/февруари 2010.
  • “Најраните манифестации на христијанството во регионите на Мариово и Северна Пелагонија, Ниш и Византија IX, The Earliest Manifestations of Christianity in the regions of Mariovo and North Pelagonia, Nis and Byzantium, Nineth Symposium, Nis 2011, 203-226.
  • “Придонесот на руските научници во проучувањето на средновековното грнчарство во Република Македонија, Македонија и Русија/СССР (историја-политика-култура) од Првата Светска Војна до формирањето на современата македонска државност (1914-1944), материјали од Македонско-рускиот научен собир Охрид 17-18.IX.2008, МАНУ, 2011, 141-148.
  • “Основни етапи во развитокот на фортификацијата на локалитетот Маркови Кули, Варош-Прилеп, Македонско наследство 40 - 41, Скопје 2013; Macedonian Heritage 40-41, Skopje 2013.
  • ““Панагириште”, Варош-Прилеп, Македонски археолошки преглед 2, Скопје; Macedonian Archaeological Review 2, Skopje, дадено во печат 2009.
  • “Археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св. Никола во селото Манастир-Мариово, Македонски археолошки преглед 2, Macedonian Archaeological Review 2, Skopje, дадено во печат 2009.
  • “Систематски археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св. Преображение кај селото Зрзе, Македонски археолошки преглед 3, Macedonian Archaeological Review 3, Skopje, дадено во печат 2010.
  • “Систематски археолошки истражувања на културниот комплекс Трескавец, с.Дабница, Македонски археолошки преглед 3, Macedonian Archaeological Review 3, Skopje, дадено во печат 2010.
  • “Основни тенденции во раносредновековната садова керамика од централните делови на Балканскиот Полуостров, Македонско наследство 42, Скопје, дадено во печат 2012; Macedonian Heritage 40-41, Skopje.
  • “Средновековни наоди од словенскиот културен круг во Република Македонија, Macedoniae Acta Archaeologica 23, Скопје, дадено во печат 2013.
  • ““Цеметеријално плато во рамките на ранохристијанскиот комплекс на локалитетот Св.Преображение кај селото Зрзе”, учествувал на меѓународниот научен собир Ниш и Византија XII, Ниш 2013, дадено во печат 2013.

 
монографии:

  • “Градешница: римска вила и ранохристијански сакрален комплекс, Скопје 2011; Gradeshnica: Roman villa and Early Christian sacred compleh, Skopje 2011, 1 - 216.
  • “Маркови Кули, Варош-Прилеп, “ Публикации за најзначајните вредности од културното и природното наследство ”, Скопје, дадено во печат 2012.
  • “Средновековна садова керамика од Република Македонија (VI/VII - XIV век), Скопје, дадено во печат 2013 .

 

Aктуелни проекти 2013 година

 
“Дигитализација на археолошката документација од истражувањата на локалитетот Св.Преображение кај селото Зрзе”.

Во рамките на сеопфатните археолошки истражувања именувани како проекти од особено значење, тнр “ капитални проекти” : “Археолошли истражувања на манастирскиот комплекс Св. Преображение крај селото Зрзе” (2008)” и “Систематски археолошки истражувања на културниот комплекс Св. Преображение крај селото Зрзе” (2009), реализирани под раководство на д-р Бранислав Ристески, научен советник во ЈНУ Институт за старословенска култура-Прилеп е оформена обемна техничка и фото документација.

Во функција на научна и стручно-научна презентација на сознанијата од овие истражувања, првенствено публикување на монографија за старохристијанскиот комплекс (IV-VI век) и средновековната монашка населба (IX-XVвек) започнато е со дигитализација на дел од техничката документација, и тоа 100 документациони единици општи планови, ситуациони планови, цртежи и др.

 
“Систематски археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св.Никола во селото Манастир-Мариово”.

 
Податоци за археолошкото наоѓалиште

Манастирскиот комплекс со црква посветена на Св.Никола се наоѓа во јужниот дел од селото Манастир, позиционирано во средишниот дел од регионот Мариово. Комплексот е распространет врз пространа тераса непосредно над Црна Река во средишниот дел од еден од ретките микрорегиони богати со вода во рамките на Мариово. Со долгогодишните археолошки истражувања, започнати во седумдесетите години од минатиот век, а реализирани во рамките на заштитно-конзерваторски интервенции, стручно-научни и научноистражувачки проекти се констатирани четири основни етапи во егзистенцијата на манастирот:

  • “период од доцниот XI до средината на XIII век;
  • “период од средината на XIII до последните децении на XIV век;
  • “период од крајот на XIV до последните децении на XVII век
  • “XIX – XX век

Во рамките на секоја од соменатите етапи се издвоени сразмерно голем број фази, детерминирани од видот,обликот и позицијата на основните сегменти од манастирскиот комплекс: манастирската црква, некрополите, оградниот ѕид, манастирските градби и др.

Хронолошките уточнувања на одделните етапи, како и културноцивилизациските детерминанти во рамките на одделните фази се целосно потврдени со сразмерно голем број движни наоди (накити, садова керамика, монети, алатки и др.), откривани во сразмерно голем број интактно сочувани културни слоеви.

Овие податоци се надополнети со сознанијата од проучувањата на пишаните извори (фреско натпис во централниот кораб, повелбата на Андроник II Палеолог врз западниот ѕид и др.), фрескодекорацијата , архитектурата на црковните објекти, иконописот и др.

 
Цел на археолошкото истражување

Првичната цел на овогодишните теренски истражувања е да се заокружат сознанијата од досегашните археолошки истражувања, особено да се уточнат културно-хронолошките податоци за средновековните етапи од егзистенцијата на манастирскиот комплекс. При тоа, нагласено значење имат теренските сознанија за првата средновековна фаза и реорганизацијата на манастирскиот комплекс во средината на XIII век.

 

Од не помало значење се и теренските сознанија за функционално-хронолошките односи на единаесето/дванесетовековните манастирски објекти во северозападниот дел од комплексот во одонос на доцносредновековната некропола распространета северно од манастирската црква, како индикатор за времето и факторите за ремоделирање на манастирскиот комплекс.

 

 
Очекувани резултати

Во содејство со вака позиционираните основни цели на теренските истражувања, приоритетни се археолошките сознанија за распространетоста и конструкцијата на живеалишно-производствените објекти на манастирот од првата етапа, како и линијата на простирање на оградниот ѕид од истата етапа.

Втората целина на очекувани резултати од овогодишните истражувања се однесува на заокружување на сознанијата на просторната распространетост на некрополите од втората етапа како основа за дефинирање на позиционирањето на сакралниот и профаниот сегмент од комплексот.

Третата целина на проицирани резултати се поврзуваат со реорганизацијата на манастирскиот комплекс во последните децении на XIV и првите децении на XV век, археолошки детерминирани со позиционирањето на погребувањата и реорганизирањето на профаниот сегмент од архитектонската целина.

 
Вид, обем, правец и методологија на истражувањето

Имајќи ги во предвид претходните напомени, археолошките истражувања без сомнение се систематски според својот карактер, при што димензионирањето на просторот предвиден за истражување, обемот и темпото на ископувањата се максимално подредени на добивање валидни спознајни податоци.

Просторно, ископувањата се концентрирани во западниот дел од северниот сегмент од манастирскиот двор, како и на теренот југоисточно и источно од манстирската црква.

Откопните слоеви при археолошките ископувања максимално ќе бидат подредни на потребата за културно-хронолошко утошнување на отпорано констатираната стратиграфија на културните слоеви, како и на попродлабочени сознанија на градбените особености на архитектонските објекти од манастирскиот комплекс.

Теренската документација ќе биде подредена на отпорано усвоениот метод на досие од теренски археолошки истражувања, кое го сочинуваат следните документациони целини: дневник на истражувањата, нивелмански записник, инвентар на цртежи и техничка документација, фото инвентар, гробни записници и инвентари на одделни групи на движни наоди.

 
Време во кое ќе се изведува истражувањето

Теренските археолошки истражувања планирано е да се изведуваат во периодот од 23 септември до 31 октомври 2013 година.

 
“Доцноанатички и средновековни населби во Северна Пелагонија, Мариово и Порече”, научноистражувачки проект, финансиран од Министерството за образование и наука на Република Македонија 2009 - 2013 год.

    • Предмет на истражувањата
  • Предмет на истражувањата се доцноантичките (IV-VI век) и средновековните (VIVII - XIV век) населби од градски и рурален вид во рамките на издвоените биогеографски целини Северна Пелагонија, Мариово и Порече. При тоа, сознанијата за просторниот, градбениот, социо-економскио и воопшто културно-цивилизацискиот развиток на населбите се засниваат врз податоците од археолошките истражувања – материјален извор на информации, надополнети со сознанијата од другите хуманистички и опшествени науки.

    • Цели на истражувањата
  • Примарна цел на истражувањата во овој циклус на научноистражувачкиот проект е да се проследи внатражниот развиток на населбите од рурален и градски вид во рамките на издвоените биогеографски целини како основа за компаративни синхрони проучувања на културно-цивилизациските процеси во централните делови од Балканскиот Полуостров.

    • Методи на истражувањата

    Во општометодолошки поглед, регионалните проучувања се засниваат врз сознанијата од попродлабочените археолошки истражувања на одделни јазолни пунктови (Северна Пелагонија: средновековниот Прилеп, Градиште кај селото Дебреште, Св.Преображение кај селото Зрзе; Мариово: Градок кај селото Манастир; Порече: Девина Кула кај селото Девич.), надополнети со детална теренска проспекција на издвоени, хронолошки прецизно детермнирани населбински целини. Ваквиот спознаен приод, без сомнение во прв план ги става сеопфатните систематски истражувања на апострофираните населбински комплекси.