ПРОЕКТИ - Наука за јазикот

I. СПОМЕНИЦИ ЗА СРЕДНОВЕКОВНАТА И ПОНОВАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Траење на проектот: од 1980 г. до 1988 г.

Овој проект е оформен и започнува да работи 1967 година во Одделението за проучување и објавување на документарни споменици за историјата на Македонија кое е во рамките на Архивот на Македонија. Во 1980 година преминува во Институтот за старословенска култура – Прилеп, во Одделението за наука за јазикот и продожува со издавањето на IV-от том од истоимената едиција на споменатиот проект.
Главни истражувачи: академик Владимир Мошин и д-р Лидија Славева.

Основна задача на овој проект е собирање и проучување на документарната граѓа која го опфаќа дипломатскиот кодекс на македонскиот народ и неговата историска теорија. Дел од овој codex diplomaticus студиозно е обработен од палеографско-лингвистички како и политичко-дипломатски аспект, од страна на споменатите главни истражувачи.

Изданија:
Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том IV, Скопје 1981.
Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том V, Прилеп 1988.
Л. Славева, В. Мошин, Српски грамоти од Душаново време, Прилеп 1988.

II. КНИЖЕВНО, КУЛТУРНО-ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Траење на проектот: од 1991 г. до 2003 г.

Главен истражувач на проектот е д-р Михајло Георгиевски, а соработник-истражувач е м-р Виолета Крстеска.
Основна задача на овој проект е да се даде филолошко-лингвистички опис на словенски ракописи со световен карактер, хронолошко детерминирани од крајот на XVIII до втората половина на XIX век, а се пронајдени на тлото на Македонија.

Изданија:
М. Георгиевски, Словенски ракописи во Македонија, кн. VII и  VIII, ИСК-Прилеп, НУБ "Св. Климент Охридски"-Скопје, Скопје 1993.
М. Георгиевски, Словенски ракописи во Македонија, кн. V и  VI, ИСК-Прилеп, НУБ "Св. Климент Охридски"-Скопје, Скопје 2000.
М. Георгиевски, Прилози од старата македонска книжевност и култура, Скопје 1997.
М. Георгиевски, Македонски светци, Скопје 1997.

Трудови во ракопис:
Речник на странски зборови и изрази во македонскиот јазик од Јанаки Стрезов, втора половина на XIX век, ракопис со курзивно писмо (расчитал м-р Виолрта Крстеска).
Лекарственик на Ангел Георгиевич од село Пиперово, Струмичко, крај на XIX век, ракопис со полуунцијално писмо (расчитал м-р Виолрта Крстеска).
Лекарственик, македонски јазик, галички дијалект, од крајот на XIX век, ракопис со немарен полуустав (расчитал и комплетно обработил м-р Виолета Крстеска).
Лекарственик со потекло од с. Лазарополе, втора половина на XIX век, ракопис со ситен полуустав (расчитал м-р Виолета Крстеска).
Зборник на народни лекови, од крајот на XIX век, ракопис со писмо од печатен тип (расчитал м-р Виолета Крстеска).
Лекарственик од почетокот на XIX век, пишуван со тешко читлив брзопис, од невешта рака (расчитал и комплетно обработил м-р Виолета Крстеска).
Рецепти за правење на лекови, собрани и напишани од свештеникот Јоанаки, од 1884 г., ракопис со курзивно и полууставно писмо (расчитал м-р Виолета Крстеска).
Историска читанка од втора половина на XIX век, ракопис со курзивно писмо (расчитал м-р Виолета Крстеска).

III. ТОПОНИМИТЕ КАКО СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА

Траење на проектот:
Главен истражувач: д-р Љубица Станковска, соработник-истражувач м-р Елка Јачева
Основна задача на овој проект е вклучување на топонимскиот материјал од територијата на Македонија во семантичка и структурна класификација, извршено со соодветна јазична анализа.

Изданија:
Љ. Станковска, Суфиксите -jw -wjw –x во македонската топонимија, Прилеп 2002.
Љ. Станковска, Имињата на населените места во Кумановско, Прилеп 2003.

IV. ПИСМЕНИ СПОМЕНИЦИ ЗА СРЕДНОВЕКОВНАТА КУЛТУРА НА МАКЕДОНИЈА

Траење на проектот: од 1989 г. до 2006 г.
Главен истражувач д-р Вангелија Десподова, соработници истражувачи м-р Марија Чичева-Алексиќ, м-р Елка Јачева, м-р Љупчо Митревски, м-р Соња Новотни за периодот од 1989 г. до 2004 г.

Главен истражувач д-р Љупчо Митревски, соработник истражувач м-р Марија Чичева-Алексиќ за периодот од 2004 г. до 2006 г.
Главен истражувач д-р Виолета Крстеска, соработник истражувач м-р Марија Чичева-Алексиќ за периодот од март 2006 г. до декември 2006 г.
Основна задача на овој проект е откривање, научен опис (расчитување и комплетна јазична анализа) како и лексикографска обработка на македонските писмени споменици од XII до XV век.

Изданија:
В. Десподова, Григоричево евангелие бр. 9, Прилеп 1988.
В. Десподова, Л. Славева, Македонски средновековни ракописи I, Прилеп 1988.
Р. Угринова-Скаловска, В. Десподова, Добромирово евангелие, кирилски споменик од XII век, Скопје-Прилеп 1992.
Карпинско евангелие, редактор В. Десподова, Прилеп-Скопје1995.
В. Десподова, Студии за македонската средновековна лексика, Скопје-Прилеп 1997.
Старословенско-македонски речник со грчки паралели, редактор В. Десподова, Прилеп-Скопје 1999.
В. Десподова, Студии за македонското средновековно книжевно наследство, прилеп-Скопје 2000.
Трескавечки еухологиум, редактор В. Десподова, Прилеп 2000.
Дечански псалтир, подготвил Љ. Митревски, Прилеп 2000.
В. Десподова, Македонски средновековни ракописи II, Прилеп-Скопје 2003.
В. Крстеска, Трескавечки грамоти, Прилеп 2007 (во печат).

 

V. СРЕДНОВЕКОВНАТА КНИЖЕВНА ПРОДУКЦИЈА НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС ТРЕСКАВЕЦ КАЈ ПРИЛЕП

Траење на проектот: од 2009 до 2011 година
Главен истражувач: д-р Виолета Крстеска
Соработник-истражувач: д-р Марија Чичева-Алексиќ

Основна задача: Преку јазична и палеографска анализа на комплексот трескавечки ракописи кои се наоѓаат во Јагелонската збирка во Краков, да се потврди претпоставката дека трескавечкиот книжевен центар, преку своите ракописи може да добија една своја автентична препознатливост на централниот дијасистем на македонската јазична традиција, всушност, какви што се Охридскиот и Кратовско-лесновскиот книжевен центар.