
д-р Бранислав Атанасоски, научен соработник
Роден сум во Прилеп 1959 год. Дипломирав 1984 год. на Унирвезитетот „Кирил и Методиј“, Филозофски факултет, група Историја на умтеност со археологија во Скопје на тема „Црквата Св. Никола од Варош, Прилеп“ кај проф. др. Петар Миљковиќ – Пепек. Магистрирав во 1999 год. на истиот факултет на тема „Средновековната тврдина Маркови Кули – културна стратиграфија и градежни фази на одбрамбените ѕидови“ кај проф. др. Иван Микулчиќ и проф. др. Елица Манева. Во тек сум на изготвување на докторската дисертација на тема „Доцноантичкиот кастел кај с. Дебреште“ под менторство на проф. др. Виктор Лилчиќ, исто така на Универзитетот „Кирил и Методиј“ Филозофски факултет, Институт за археологија – Скопје.
Научен интерес:
- доцноантичка и средновековна археологија.
Проекти во Институтот:
- „Карактеристики и специфичности на материјалната култура на Македонските Словени од доселувањето до XIV век.“, главен истражувач др. Бошко Бабиќ;
- „Средновековен Прилеп – раносредновековни населби настанување и развој на градската населба и тврдината Маркови Кули“, главен истражувач др. Бошко Бабиќ;
- „Првите ранохристијански и словенски црквени центри во Македонија“, главен истражувач Академик Блага Алексова;
- „Убикација на средновековна Битола“, главен истражувач др. Томе Јанакиевски;
- „Доцноантички и средновековни тврдини и населби во Пелагонија“, главен истражувач др. Бранислав Ристески.
Проекти надвор од Институтот:
- „Етнокултурни паралели на материјалната култура со посебен акцент на истражувањата на локалитетите Градиште кај с. Дебреште Р. Македонија и Гајик с. Раџиково Р. Полска“, главни истражувачи др. Бошко Бабиќ и Академик Витолд Хензел. Македонско – Полски научно истражувачки проект.
Научни трудови:
- „Три некрополи од рановизантискиот период“, Balcanoslavica, 13-15, Прилеп 1996;
- „Резултати од заштитните ископувања од локалитетот Заград – Варош, Прилеп“, Balcanoslavica, 19 – 21, Прилеп 1997;
- „Средновековната тврдина Маркови Кули – културна стратиграфија градежни фази на одбрамбените ѕидови“, Balcanoslavica, Прилеп 2002. Магистерски труд;
- „Резултати од археолошките истражувања на локалитетот Кале – катедрален храм, с. Крупиште – Штип. Припремено за печат.
Конференции:
- Кралот Марко... 1994
- Прилепско лето 2007...