ПРОЕКТИ ЗА ИСТОРИСКИ НАУКИ

 

I. ИЗВОРИТЕ НА ‘СЛАВЈАНОМАЌЕДОНСКАТА ОПШТА ИСТОРИЈА’ ОД ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ (СО ПОСЕБЕН ОСВРТ ВРЗ СЛОВЕНСКИТЕ ИЗВОРИ)

Проект Изворите на “Славјаномаќедонската општа историја” од Ѓорѓија  Пулевски (со посебен осврт врз словенските извори), остварен е во периодот од 1994 до 1996 година, а беше раководен од академик Ристовски Блаже. Во него како соработник учествуваше помладиот асистент Јосифовска Билјана.

Целта на овој проект беше запознавање со македонската предсловенска и словенска култура и со етногенезата на македонскиот народ, нејзината историска свест и факторите за формирањето на националната мисла и акција.  

 

II. ОПШТЕСТВОТО И НАРОДНАТА КУЛТУРА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ VI-XI ВЕК

Овој проект беше остварен во периодот од 2000 до 2002 година под раководство на Зоговиќ Соња. Во него, како соработници беа вклучени ас. истраж. м-р Ристовска-Јосифовсска Билјана, млад. истраж. Милошеска Ели и млад. истраж. Атанасоски Атанас.

Проектот “Општеството и народната култура на територијата на Македонија во периодот VI-XI vek” imaше за цел да понуди антрополошки видувања на средновековната култура во Македонија. Ова загледување во историските настани од внатре беше замислено и оствареноп преку содржините изразени низ збиднувањата поврзани со појавата и обликувањето на воената демократија кај Словените и постепеното создавање на самостојна словенска војска - стожер и своевиден двигател на тогашното словенско општество. Со нејзина помош се создаваат и се чуваат, меѓу другите општествено-политички творби и склавиниите на територијата на денешна Р. Македонија заедно со другите културно-стопански придобивки.

Културните дострели на средновековното население на територијата на денешна Р. Македонија беа напоредно следени во остатоците од денешната народна култура и народната религија, со цел да се разберат, колку што е тоа можно повеќе, мислењето, светогледот и начинот на секојдневниот живот на луѓето од наведениов период.

Резултат од тригодишната работа врз проектот беше објавената монографијата:
Општеството и народната култура на Македонија во раниот среден век. Издавач: Институт за старословенска култура. Прилеп 2002.

 

III. ОПШТЕСТВОТО И НАРОДНАТА КУЛТУРА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД XI ДО XIV ВЕК

Работата врз проектот “Општеството и народната култура на територијата на Македонија во периодот од XI до XIV век ”  траеше од 2003 до 2005 година. Главен истражувач и на овој проект беше Зоговиќ Соња, а како соработници беа вклучени: ас. истраж. м-р Милошеска Ели, ас. истраж. м-р Чичева-Алексиќ Марија и ас. истраж. м-р Заров Иван.

Овој проект беше продолжување на антрополошко-историските видувања на луѓето и на настаните во периодот на развиениот феудализам. Основната цел му беше обединување и обликување на резултатите од повеќе сродни науки во една интегрална целина, којашто ќе помогне средновековната култура на сите нивоа да се доживува и сфаќа на начин како што ја чувствувале нејзините творци, а во истовреме да можат да ја разберат и да им биде блиска и на нашите современици.  Бидејќи овој историски период се одликува со интензивни културни дејности на полето на книжевноста, на ликовната уметност и на занаетчиските иновации, како и во низа други сродни дисциплини, можеше да се следат наведениве културни активности, коишто кон крајот на XIV век кулминираат во сите сфери на световните и на духовните области.