ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИСТОРИСКИ НАУКИ

Одделението за историски науки постои од 1980 година, од кога е основан и Институтот за старословенска култура. 

Основната дејност на работа на ова Одделение е проучување, обработка и претставување на изворниот материјал за македонската предсловенска и словенска историја, култура и етногенеза во периодот од праисторијата до зрелиот феудализам во рамките на историјата на другите балкански, средоземноморски и европски народи, заради извршување на споредбена анализа на сличните, но и на различните историски појави и пројави на наведениов ареал.

Се избра овој споредбен начин на истражување, од проста причина, што овозможува пошироко и подлабоко проникнување, осмислување и разбирање на типовите на историските појави во исто време на Балканот, во Средоземноморскиот басен и на просторите на Европа.

Севкупната научна дејност на ова Одделение и понатаму ќе биде насочена спрема новите стремежи во истражувањата на историјата, кои преку или со помош на антрополошките видувања на историските појави од внатре, помагаат да се доживеат, осознаат и разберат, како настаните така и луѓето од миналите епохи многу поблиску.

Во рамките на Одделението за историски науки беа осмислени и остварени следните проекти:

  1. 1994-1996 Изворите на "Славјаномакедонската општа историја" од Ѓорѓија Пулевски (со посебен осврт врз славјанските извори) ... повеќе
  2. 2000-2002 Општеството и народната култура на територијата на Македонија во периодот VI-XI век ... повеќе
  3. 2003-2005  Општеството и народната култура на територијата на Македонија во периодот од XI - XIV век ... повеќе