ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И ЕТНОГЕНЕЗА

Одделението за етнологија и етногенеза во рамките на Институтот за старословенска култура во Прилеп започна со работа во 1990 година. Негов основач и раководител до 2005 година беше д-р Танас Вражиновски, а од 2005 до 2008 година д-р Соња Јовановска-Ризоска. Во моментов со него раководи д-р Владимир Караџоски, а негов соработник е д-р Ели Милошеска.

Како соработници во одделението во изминатиот период беа и Лола Симоска и д-р Љупчо Ристески.

Одделението за етнологија и етногенеза од своето постоење се карактеризира со значајни научни истражувања кои расветлиле многу прашања поврзани со народната демонологија и митологија, народната култура, истражувањето и проучувањето на човечките заедници како специфичен феномен на човечкото општество, народните верувања на етничките заедници, родовите улоги во народната традиција и воопшто во општествените процеси, етнокултурниот идентитет на етникумите кои живееле и живеат на просторот на Македонија.

Во рамките на научно-истражувачките проекти направени се голем дел на теренски истражувања коишто претставуваат изворни материјали за темите од тековните проекти, статиите и другите видови стручна и научна работа на членовите на Одделениието за етнологија и етногенеза.

Многугодишните истражувања од реализираните проекти во најголем дел се публикувани и претставуваат значаен дел во македонската наука воопшто.

Во ова одделение реализирани се следните фундаментални научно-истражувачки проекти:

  1. Македонска народна митологија (1992-1997) ... повеќе
  2. Речник на митови и на народната култура на Македонците (1998-2000) ... повеќе
  3. Јозеф Обрембски - еден од  најистакнатите странски истражувачи на народната култура на Македонците (2001-2003) ... повеќе
  4. Пеколот и рајот во македонската и албанската народна култура (2004-2006) ... повеќе
  5. Улогата на мажот и жената во христијанската и муслиманската народна  традиција во Македонија (2004-2006) ... повеќе
  6. Етнокултурен идентитет Македонците во Хрватска и Хрватите во Македонија: состојба и перспектива (меѓународен проект меѓу Институтот за старословенска култура - Прилеп/Скопје и Институтот за Антропологија – Загреб) (2007-2008) ... повеќе
  7. Народната медицина кај Македонците (традиција и современост) (2009-2011) ... повеќе